Каков „проектил“ на Стариџ… Замените носат бод за Ливерпул од „Стемфорд“ (ВИДЕО)

Ливерпул останува, заедно со Манчестер сити и Челси, и натаму непоразена екипа во Премиер лигата по седум одиграни кола откако на „Стемфорд бриџ“ во Лондон извлече 1-1 во самиот финиш од дерби мечот против Челси.

„Црвените“ извлекоа бод благодарение на замените во тимот. Во 89. минута Шаќири асистираше, а Стариџ, кој во игра влезе само три минути претходно, се неверојатен „проектил“ од 22 метри донесе израмнување за конечни 1-1.

Претходно, Челси поведе уште во првото полувреме со голот на Азар во 25. минута.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...