Килијан Мбапе блесна на дуелот со Манчестер Сити, со хет-трик предводејќи го Реал Мадрид до пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите.
Французинот го остави зад себе бавниот старт на авантурата во Мадрид и сега блеска во сиот свој раскошен талент, запишувајќи се меѓу стрелците на речиси секој натпревар на Реал од почетокот на оваа календарска година. Со вечерашниот хет-трик Мбапе стигна до бројката од 27 гола во дресот на Реал, воедно остварувајќи и уште едно фантастично достигнување.
Имено, Килијан со вториот гол против Сити стигна до вкупно 500 учества во гол (голови или асистенции) во кариерата, севкупно на клупски и на репрезентативен план. Мбапе има 358 гола и 142 асистенции во досегашниот дел од кариерата, а интересно е што стана најмлад во фудбалската историја што стигнал до ваков јубилеј.
Тој го стори тоа на 26 годинии 61 ден, уривајќи го досегашниот рекорд на Лео Меси за еден месец. Само за споредба Кристијано Роналдо имаше полни 28 години кога стигна до ова достигнување.
Нема дилема, Мбапе се врати во топ-форма, а кога е тоа случај, противниците имаат од што да стравуваат. Исто како и оние кои во минатото поставуваа рекорди за голови во шпанскиот и европскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

