Каков шамар за Партизан – Студентски Центар го освои АБА суперкупот

Кошаркарите на Студентски Центар стигнаа до шокантен триумф и освојување на АБА суперкупот откако во финалето славеа над големиот фаворит Партизан со 81-83.

Аутсајдерот одлично го отвори натпреварот и по десет минути игра имаше предност од три поени (22-25). Во втората четвртина само за поен избраниците на Жељко Обрадовиќ успеаја да ја намалат негативата и на пауза да се замине со предност на Студентски од 40-42.

Веќе на стартот на вториот дел големиот фаворит заигра подобро па до крајот на третиот период направи целосен пресврт и поведе со 66-63. Во еден момент во последната четвртина избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа предност од 81-73, но Црногорците со серија од 10-0 на крајот приредија вистински шок совладувајќи го големиот фаворит со 81-83.

Доукинс со 18 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа 23 поени на Кевин Пантер.

Се вчитува...