Каков шок: Меси елиминиран на стартот од плејофот во МЛС-лигата

Лео Меси и Интер Мајами игра одлично во регуларниот дел од сезоната, па затоа огромен е шокот што овој тим како прв носител беше елиминиран на стартот од плејофот во МЛС-лигата од Атланта Јунајтед.

Тимот на Атланта беше деветти во својата конференција, во регуларниот дел од сезоната имаше 34 бода помалку од Интер Мајами, но рано утрово одигра одличен меч, успевајќи на гостински терен да ги шокира Меси и соиграчите со победа од 2-3.

Интер Мајами цел натпревар се мачеше, но кога Меси постигна гол со глава за 2-2 се чинеше дека фаворитот сепак ќе најде начин да стигне до победата. Се случи спротивното, Слиш стрелаше прецизно за Атланта во 76. минута, по што Интер Мајами не успеа да се врати и експресно беше елиминиран во плејофот, правејќи ја крајно неуспешна оваа сезона во која во регуларниот дел тимот од Флорида освои рекорден број бодови во клупската историја.

Се вчитува...