Каков почеток на натпреварот во Лајпциг меѓу Австрија и Турција. Веднаш тргнаа Австријците во нападот, а по првиот Турција успеа да поведе во 58. секунда од мечот.
Изведе корнер Арда Гулер, и по една голема конфузија во одбраната на Австрија, топката стигна до Демирал, кој ја заби во мрежата на Пенц. Турците поведоа, а Австрија веднаш врати со шанса преку Пош, но топката профуче крај голот.
Одличен почеток на мечот, отворен, фајстерски од двете страни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА