Нема вечно дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда во АБА кошаркарската лига. Партизан се пласираше во финале, но таму нема место за Црвена Звезда која „падна“ во Подгорица, и триумфираше со вкупни 2-1 над „црвено-белите“. Будуќност во последниот напад со звукот на сирената успеа да се избори за победа од 81-78, и да си закаже дуели за големиот пехар во ова натпреварување.
Во возбудлив меч во салата „Морача“, Будуќност и Звезда се менуваа во водството. Во четвртата четвртина кога се решаваше се, домашните кошаркари беа со посилни нерви, поконцентрирани и на крајот дојдоа до триумф. Херој на мечот е Мекенли Рајт. Покрај тоа што постигна 25 поени, тој ја постигна онаа тројка со звукот на сирената за конечен триумф.
Претходно Партизан со 2-1 во серија го победи Дубаи и си обезбеди место во финалето. Финалето се игра на три победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

