Прекинатиот натпревар помеѓу Окленд Сити и Бока Јуниорс, кој не се играше речиси 40 минути поради невреме и силни громови, се доигра и заврши без победник 1-1.
Со тоа аргентинскиот гигант без ниту еден триумф и со два бода го заврши Светското клупско првенство. Ова е голем срам за Бока Јуниорс, кој иако имаше само минимални шанси да продолжи во следната фаза (Бенфика требаше да загуби од Баерн Минхен, а тие да победат со голема гол разлика), сепак, не тоа не се случи, затоа што од порано беше познато дека Бенфика и Баерн одат понатаму, со оглед дека португалската екипа го совлада Баерн.
Бока не успеа да го победи тимот кој на два меча против Баерн Минхен и Бенфика прими дури 16 голови (10 од Баерн и шест од Бенфика). Иако имаше многу шанси, и еден поништен гол, сепак, славниот аргентински тим на крајот мораше да го заврши натпреварување без победа.
Автоголот на Гароу ја однесе Бока во предност во 26. минута. Во 52. минута Греј успеа да израмни. Инаку Греј е наставник по основно образование во Нов Зеланд. Потоа следуваше и големиот прекин, а на крајот Аргентинците не реализираа да дојдат до предност и до триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

