КАКОВ СТАРТ НА „МОНЖУИК“: Три гола за 20 минути – Мбапе со два гола ја шокираше Барса, но Гарсија смирува!

Феноменален старт на новото „Ел Класико“ во шпанската Ла Лига кое го одлучува новиот шампион. Низ извонреден фудбал по само 20 минути игра веќе три гола на дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид.

„Кралевите“ имаат предност од 1-2 откако постигнаа два гола по само 14 минути игра, и двата преку Килијан Мбапе.

Уште во 5. минута, Мбапе од пенал донесе предност од 0-1.

Веќе во 14. минута по одлична брза акција, на асистенција на Винисус, Мбапе зголеми и на 0-2.

Но, многу брзо Барселона се враќа во игра со голот на Гарсија во 19. минута.

Се вчитува...