Каков татко, таков син: Лук Армстронг уапсен поради сексуален напад!

Лук Дејвид Армстронг, синот на еден од најдобрите светски велосипедисти Ленс Армстронг, е уапсен поради сексуален напад што се случил пред три години.

Лук има 21 година и е обвинет за обид за силување на девојка која тогаш имала само 16 години. Синот на еден од најдобрите светски велосипедисти, за кого беше откриено дека сите резултати ги остварил под допинг, е пуштен од затвор со кауција, а неговиот адвокат ги негира обвинувањата тврдејќи дека неговиот клиент бил во повеќемесечна врска со наводно нападната девојка.

„Тоа што се случило во средното училиште пред три години не е ниту кривично дело ниту сексуално насилство. Тоа е договорен однос меѓу двајца млади луѓе, по кој секој си тргнал на своја страна. Овие обвинувања не смееше да се случат, особено не три години подоцна“, изјави адвокатот на Армстронг јуниор.

Девојката на полицијата ѝизјавила дека побарала од Лук да ја врати дома од забава бидејќи била пијана, но дека не се сеќава како завршила кај него дома каде што се разбудила. Таа додала дека Армстронг јуниор дури во 2020 година и признал телефонски дека таа вечер имале секс во куќата на неговиот татко, на што таа не се сеќава.

Се вчитува...