Каков татко, таков син – Со два гола и асистенција, Етјен Ето ја „маѓепса“ нацијата (ВИДЕО)

Самуел Ето беше врвен напаѓач, а неговиот син Етјен тргна по неговите стапки. Момчето, родено пред 18 години во Мајорка, каде започна брилијантната кариера на неговиот татко, блескаше во саботата на натпреварот до 20 години помеѓу репрезентациите на Камерун и Мозамбик на Африканскиот куп на нации.

Етјен постигна два гола и запиша една асистенција, а неговиот тим славеше со 4-1. Првиот гол е приказна за себе, вистинско ремек-дело од слободен удар од 20 метри.

Таткото Самуел ги воодушеви сите играјќи за Камерун, Мајорка, Барселона и Интер, но неговиот син Етјен исто така може да има импресивна кариера која штотуку започнува.

Се вчитува...