Каков удар за Барса: Левандовски го пропушта и „Ел Класико“

Барселона ќе биде сериозно ослабена во наредниот период откако беше обелоденето дека повредата на Роберт Левандовски на дуелот со Порто воопшто не е наивна. Според пишувањата на каталонскиот весник „Спорт“,Полјакот има проблем со лигаментите во скочниот зглоб, поради што дефинитивно ќе го пропушти и големото дерби со Реал Мадрид закажано за 28 октомври.

Првите информации велеа дека Левандовски сигурно ќе биде во „аут“ само за викендов и евентуално за настап за полската репрезентација месецов. Сепак, деталните прегледи покажале дека повредата е посериозна од првите прогнози, а за целосно заздравување на лигаментите во зглобот неопходно ќе биде мирување од околу еден месец. Ако се знае дека до големото дерби со Реал има само уште три седмици, јасно е дека трката со времето на полскиот голгетер е веќе загубена.

Ова е уште еден во низата проблеми за тренерот Чави, ако се знае дека во трка со времето за настап против Реал Мадрид се наоѓаат уште двајца стандардни првотимци, Френки де Јонг и Рафиња.

Се вчитува...