Милан се соочува со огромен проблем не само за оваа, туку и за наредната натпреварувачка сезона откако беше обелоденето дека повредата што неодамна ја заработи Исмаел Бенасер е многу сериозна. Тој не само што е загубен за крајот на оваа, туку ќе го пропушти и првиот дел од новата сезона откако беше обелоденето дека ќе мора да паузира најмалку шест месеци од фудбалските терени.
Големиот борец на средината од теренот настрада на самиот почеток од дуелот од ЛШ со Интер, а деталните прегледи покажале дека станува збор за сериозен проблем со коленото, за што веќе бил извршен и хируршки зафат во Лион, Франција.
„Операцијата мина успешно, ја изврши Доктор Бертранд Сонери Коте, во присуство на шефот на медицинскиот персонал на Милан, Стефано Мацони. Според првите прогнози, времето на рехабилитација ќе изнесува најмалку шест месеци“, објавија „росонерите“.
Италијанските медиуми оваа повреда ја споредуваат со онаа на екс-фудбалерот на Милан, Бонавентура, кој тогаш мораше да паузира дури осум месеци од терените по хируршкиот зафат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА