Црвена Звезда се соочи со огромен проблем откако на вечерашниот дуел од АБА-лигата против Будуќност тешка повреда заработи центарот Џоел Боломбој. Американецот со руски пасош и сезонава е меѓу клучните играчи во тимот на „црвено-белите“,па јасно е зошто сите останаа во шок кога тој остана да лежи на теренот.
Кобна беше една акција во третата четвртина во која Будуќност беше во напад, а Боломбој без контакт со противнички играч остана да лежи откако излизга со ногата, при што настрада коленото на доминантниот центар.
Тој со помош на соиграчите беше одведен до клупата, а потоа и до соблекувалната, а првите прогнози се дека Боломбој ќе го очекува повеќемесечна пауза од терените.
Црвена Звезда има три победи и еден пораз во првите четири рунди од Евролигата, а во следното коло од елитното европско натпреварување „црвено-белите“ ќе му гостуваат на тимот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА