КАКОВ ЅВЕР: Роналдо со „небесен скок“ го води Ал Наср до титула во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

И на 41 година покажува каква машина е Кристијано Роналдо кој го води својот Ал Наср до титулата во шампионатот на Саудиска Арабија. Вечерва тој и неговиот тим во големото дерби славеа против Ал Ахли со 2-0.

Токму „португалската машина“ беше човекот кој го реши овој натпревар со погодокот во 76. минута на асистенција на Жоао Феликс. Роналдо стрелаше во свој стил со небесен скок со кој ја закова топката во противничката мрежа. Oва за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња е 970 гол во кариерата, а уште еднаш покажа дека само небото е граница.

Kонечните 2-0 ги постави Кингсли Коман во 90. минута.

Al-Nassr [1]-0 Al Ahli – Cristiano Ronaldo 76'
byu/TheCarthageEmpire insoccer

Се вчитува...