Какруки: Можам да ветам борба за секоја топка, за секој поен…

Македонскиот репрезентативец Валмир Какруки е еден од кошаркарите од кои се очекува да има многу работа на утрешниот меч со Романија во претквлаификациите за Светскиот Куп 2027 година.

По „тесниот“ пораз во Куманово, сега следува дуелот на гостински терен во Арената „Орадеа“, каде што репрезентативците денеска ќе го имаат единствениот тренинг пред утрешниот меч.

„Бевме мнпгу блиску до победата на отворањето на овие претквалификации. Бевме егал со романскиот тим, се до две-три минути пред крајот. Во тие моменти и беше решен победникот. Добро се сеќаваме на тој меч, но одиме понатаму, пред нас е уште еден, против ривал кој го знаеме доста подобро отколку на тој дуел во Куманово“ – вели Какруки, и додава дека оваа селекција „билда“ искуство.

„Неискуството си го прави своето. На нас е да „растеме“ од натпревар во натпревар. Да бидеме подобри и подобри, и не се сомневам дека резултатите ќе дојдат. Веројанто Македонија досега немала помлад ростер во сениорската селекција. И тоа мора да се земе в предвид кога се даваат некои оценки за квалитетите на репрезентацијата. Нема предавање, тоа можам да го порачам. Сите кои сме тука, сме како еден. Можам да ветам борба, за секоја топка, за секој поен“, рече Какруки.

Се вчитува...