Валмир Какруки е дел од македонскиот тим на стартот на подготовките за СП 2027, а големиот борец под обрачите во меѓувреме си осигура и клупски трансфер.
Косовскиот прволигаш Приштина денеска објави дека е потпишан договор со македонскиот репрезентативец за сезоната 2026/27, што всушност претставува камбек на Какруки во оваа екипа, чии бои ги бранеше во сезоната 2022/23.
Центарот ја мина ланската сезона во дресот на Чаир, но повторно се реши да го напушти мак-баскетот прифаќајќи ја понудата од Приштина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

