Тетовска Шкендија доживеа вистинска бламажа на генералниот тест за продолжението од шампионатот, запишувајќи пораз од 8-1 (6-1) на гостувањето против ЦСКА во Софија.
На дуелот на кој премногу рано останаа со играч помалку, по исклучувањето на Бесмир Бојку уште во 5. минута поради удар без топка на противнички фудбалер, Шкендија прва поведе со голот на Ибраими во 16. минута.
Но, се потоа беше „потоп“ за црвено-црните. За само 15 минути примија дури шест гола. Најпрво Рафаел Перес израмни во 25. минута, потоа Дулгеров во 27. минута зголеми на 2-1. Каранга стрелаше во 33. минута, Руи Педро во 37. минута и Рубен Пинто во 38. минута, а Педро во 40. минута со својот втор гол заокружи на 6-1 на полувремето.
Во второто полувреме, домашните не запреа. Па, Дулгеров во 49. минута ја погоди гредата од голот на Шкендија. Во 65. минута, тетовци имаа можност да го постигнат својот втор гол, па oткако не успеаја Кирил Десподов во 67. минута носи водство и од 7-1 за домашните. Во 73. минута Кевин Меркадо ги постави конечните 8-1.
Стратегот на Шкендија, Томас Брдариќ кој добро ќе треба да размисли околу тоа што го очекува во пролетниот дел од домашното прбенство, дуелот против ЦСКА Софија го почна во следниот состав: Јовановски, Бејтулаи, Цуцули, Челиковиќ, Тодоровски, Бојку, Алими, Тотре, Зејнулаи, Ибраими Медједовиќ, без дел од најдобрите свои првотимци, Положани, Вујчиќ, Хасани, Жуниор, Радески…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА