Колумбија стигна до третото место и бронзениот медал н Копа Америка 2021 откако оваа селекција во драматичен дуел славеше над Перу со 3-2. Херој на Колумбијците беше Луис Дијаз, кој со фантастичен гол од дваесетина метра во 94. минута ја донесе победата н оваа селекција.
Перуанците изненадија со подобра игра во првото полувреме, во кое оваа репрезентација имаше водство благодарение на голот на Јотун во 45. минута. Колумбија израмни на самиот старт од вториот дел преку Квадрадо, а Дијаз со својот прв гол донесе пресврт. Лападула биеше прецизно во 84. минута и донесе ново израмнување, но кога се очекуваше мечот да отиде во продолженија, Дијаз блесна и со својот четврти гол на турнирот ја донесе бронзата на селекцијата на Колумбија.
Во големото финале на Копа Америка вечерва ќе се сретнат големите ривали Бразил и Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА