Каква бомба на Супер-Џани Алиоски: Влезе во игра и веднаш даде еврогол за Фенербахче (видео)

Македонските репрезентативци доминираат во турското првенство викендов, откако Езгијан Алиоски се запиша во листата на стрелците во триумфот на Фенербахче над Аданаспор. Слично како Енис Барди во петокот, и Алиоски постигна погодок откако влезе во игра од клупата за резерви.

Фенер имаше предност од 3-0, гостите се приближија на 3-2 кога тренерот реши да го уфрли во игра Алиоски во 80. минута од натпреварот. Супер-Џани блесна само четири минути подоцна, со феноменален волеј удар матирајќи го гостинскиот голман за печат на триумфот на Фенер.

Се вчитува...