Каква чест – Наполи поради Де Брујне ја врати во употреба „десетката“ на Марадона

Белгиецот Кевин де Брујне во Наполи ќе го носи дресот што клубот некогаш го повлече во чест на славниот Диего Марадона. Де Брујн потврди дека следната сезона ќе го предводи тимот со „десетката“ на грб.

И самиот, вели тој, бил изненаден кога му било кажано дека ќе може да избере број што има речиси божествен статус во Неапол поради иконата на клубот, Марадона.

„Да ви кажам искрено, на почетокот бев малку изненаден, бидејќи бев убеден дека дресот е повлечен, но во секој случај ми е чест што го носам. Клубот навистина ме почести со тој гест и со тоа ми даде поголема одговорност“ – рече Белгиецот, кој работи под команда на Антонио Конте веќе една недела откако пристигна од Манчестер Сити.

Де Брујнр ги напушти „граѓаните“ ова лето по десет незаборавни години во клубот. Сега го очекува нова авантура, сè е ново, дури и бројот на дресот, кој има посебно значење во Неапол, иконски како никој друг. Сепак, Де Брујнр не мисли дека ќе биде под поголем притисок поради ова.

„Не мислам дека ќе бидам под поголем притисок поради десетката. Мислам дека притисокот е очигледен. Ако играте за голем клуб како Наполи, притисокот е секогаш присутен. Играте во тим кој сака да победи и знаете како да шутирате, па не мислам дека која било бројка игра важна улога“ – вели Белгиецот и дополнува:

„Марадона е Марадона, еден од најголемите играчи на сите времиња, легенда на играта, синоним за Наполи. Благодарен сум и горд, но јас сум – јас. Ќе се обидам да ја завршам мојата работа тука најдобро што можам и се надевам дека ќе донесам радост во клубот и тимот, градот и навивачите, и сепак ќе имам добри натпревари тука.“

Се вчитува...