Двократниот европски шампион Вардар одигра уште еден неверојатен натпревар сезонава во Лигата на Европа, каде во последното коло од главната групна фаза славеше на гостувањето кај бундеслигашот Мелсунген со 25-34.
Избраниците на Иван Чупиќ одлично го отворија натпреварот, посебно во фазата на одбрана која беше послабиот дел од тимот во поголемиот дел од сезоната, па на пауза заминаа со убава позитива од пет гола 12-17.
„Црвено-црните“ одиграа слично и во вториот дел. Стамена одбрана и перфекција во нападот беше доволна за победа од 25-34 и освојување на првото место во групата кое води директно во четвртфиналето од второто по ранг натпреварување на стариот континент. Новите аквизиции Воркапиќ и Да Силва со по шест гола беа најдобри поединци во таборот на поранешниот европски шампион, додека кај поразените Флоријан Дростен исто така заврши со шест гола.
Mакедонскиот тим во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Монпелје и Елверум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

