Каква драма: Јужна Кореја даде гол во 91. минута за осминафинале, Уругвај остана со празни раце

Јужна Кореја успа да стигне до осминафиналето на СП 2022 откако претставникот на Азија во луд финиш успеа да слави над фаворитот Португалија со 1-2.

Португалците настапија со втор тим, без бројни првотимци во составот, но сепак први поведоа преку Орта. Корејците израмнија уште во првото полувреме, а потоа на победничкиот гол чекаа се до 91. минута. Акцијата почна со корнер на Португалија, по што Сон повлече контранапад кон испразнетата противничка половина, од позадина втрча Хванг Хе Чан и го постигна голот за осминафинале.

Корејците ја завршија групната фаза со четири бода и гол-разлика 4-4, освојувајќи го второто место пред Уругвај поради поголем број на постигнати голови (четири бода и гол-разлика 2-2).

Уругвајците вечерва славеа со 2-0 над Гана, со головите што во првото полувреме ги постигна Де Араскаета. Долго време овој резултат значеше и пласман на Уругвај во нокаут-фазата, но по вториот гол на Корејците се падна во вода, па јужноамериканската селекција несреќно го заврши прерасно својот настап на овој мундијал.

Се вчитува...