Германски Магдебург ќе игра на Ф4-турнир во Лигата на шампионите откако во крајно драматичен меч славеше над Веспрем како гостин со 27-28, со гол во последната секунда од средбата.
Магдебург го шокираше унгарскиот гигант кој важеше за фаворит за место на Ф4 во Келн, но не успеа да дојде до целта.
Пред повеќе од 5.000 гледачи во преполната „Веспрем Арена“ се играше израмнет меч се до последните секунди. А, Веспрем некако дојде до 26-22 на десет минути до крајот, но Магдебург не се предаде и успеа со гол во последната секунда да дојде до победа од 27-28. По една брза акција, погоди Кристјансон за втор тим од Германија на завршницата.
Најдобар стрелец на мечот беше Феликс Клар со седум гола, а Кристјансон и Јенсен завршија со по пет гола. Кај Веспрем, прво име беше Ремили со шест гола, исто колку што даде и Косоротов.
На Ф4-турнирот во Келн веќе место обезбедија Фуксе Берлин и Нант, а се чека уште на актуелниот шампион Барселона кој во моментов игра со ПИК Сегед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

