Партизан, во стилот на цела сезона, „прокоцка“ победа и во последниот свој настап во Евролигата. Иако црно-белите имаа предност и од +12 поени во последната четвртина, на крај загубија од Реал Мадрид со 89-91 во повеќе од драматичен меч во Белград.
Победата за „кралевите“ ја донесе Таварес кој погоди буквално со звукот на сирената, и покрај тоа што претходно Карлик Џонс на две секунди пред крајот погоди за Партизан за 89-89. Но, Реал и со само две секунди за напад успеа да погоди за триумф.
Дејвис со 22 поени беше најефикасен кај Партизан, а Карлик Џонс заврши со 15 поени, додека Џанан Муса беше најдобар кај Реал со 15 постигнати поени.
Париз, пак, победи со 72-63 против Алба Берлин. Французинот Хифи беше најдобар во победничкиот тим со 15 поени, а македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс заврши со 10 поени, дополнети и со седум асистенции и еден скок.
Париз обезбеди место во плејинот од Евролигата, обезбедувајќи пласман во првите десет по регуларниот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА