Ракометарите на Вардар со голема мака дојдоа до триумф во Охрид со 27-26, иако имаа негатива до 29. минута од средбата, а во еден момент охриѓани имаа предност и од шест голови разлика (23-17).
Меѓутоа во одлучувачките моменти, Виктор Гогов царуваше на голот, а неговите соиграчи реализираа за да ја стопат предноста, и да дојдат до предност од 27-26.
Охрид во последниот напад имаше шанса да избегне пораз, но избраниците на Стевче Алушовски премногу бавно реагираа, па на крајот добија само девет метри, кој не го реализираа и на крајот Вардарци дојдоа до триумф.
На полувремето, Охрид замина со предност од 16-11, а во голем дел од вториот дел ја контролираше таа предност. Меѓутоа успеа да потклекне под притисокот, а тоа Вардар го искористи за победа.
Борозан постигна девет голови кај победничкиот тим, додека кај домашните залудни беа 10-те голови на Орјонокидзе.
Неизвесно беше во Велес, каде што Бисинов одигра нерешено 38-38 против Прилеп. Домашниот тим имаше предност на полувремето 23-20, но во вториот дел гостите успеја да се изборат за „реми“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

