Каква е оваа кошарка? Работнички славеше против Пелистер со +56!

Кошаркарите на Работнички сосема очекувано славеа убедлива победа од 105-49 против Пелистер во првиот натпревар од 4. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Избраниците на Марин Докузовски на тој начин продолжија со максималниот ефект на стартот од сезоната.

Уште во првата четвртина Работнички јасно даде до знаење каков натпревари ќе следиме откако поведе со 13-0. Се понатака на натпреварот беше само полесен тренинг на крајот изразен со триумф од +56 поени (105-49).

Во победничкиот тим предводеше Гињард со 28 поени, Костов мечот го заврши со 18 постигнати поени а Мираковски со 17 поени. Двоцифрен беше уште и Крстевски со 12 постигнати поени. Кај Пелистер Роберт заврши со 16 поени а Илиевски со 15 постигнати поени.

Се вчитува...