Каква футсал-магија: Рикардињо дава голови и кога е свртен со грб (видео)

Рикардињо уште еднаш покажа зошто е најдобар футсал-играч на денешницата откако постигна неверојатен погодок за својот тим Мовистар на дуелот со Леванте.

Тој доби ниска топка по зејма од аут, со грб беше свртен од голманот, но и тоа не му пречеше со неповторлив удар да го лобува противничкиот чувар на мрежата.

Како, само тој си знае… погледнете ја оваа мајсторија на португалскиот футсал-волшебник.

Се вчитува...