Каква глупост на Дијаз: Даде два гола во Париз, па доби црвен поради крвнички старт (ВИДЕО)

Играчот на Баерн Минхен, Луис Дијаз од херој се претвори во трагичар за својот тим, откако постигна два гола во Париз против ПСЖ, па доби исклучување во последните мигови од првиот дел.

Колумбиецот имаше фантастична партија, Баерн водеше со 0-2, а потоа поради крвнички старт над Ашраф Хакими, го остави својот тим на цедило. Згора на тоа Хакими мораше да го напушти теренот, и допрва ќе се утврдува тината на неговата повреда, меѓутоа според она што можеше да се види, не е добро за мароканскиот фудбалер.

Сега следува вториот дел, ПСЖ ќе брка да избегне пораз со играч повеќе на теренот.

Се вчитува...