Каква година за Шпанија: По сениорите европски прваци станаа и јуниорите

Дефинитивно ова е фудбалска година во која доминира Шпанија. После сениорската селекција која го освои Европското првенство во Германија, европски прваци станаа и фудбалерите до 19 години на оваа земја.

Во финалето денеска одиграно во Белфаст, младите Шпанци со 2-0 ја поразија селекцијата на Франција. Стрелци на головите беа Браво и Диао.

Претходно и женската селекција до 19 години на Шпанија стана европски првак.

Се вчитува...