Каква лоша глума: Винисиус не доби „Златна топка“, но за ова заслужува „Златна малина“

Винисиус продолжува да плаче што не ја доби „Златната топка“, но со односот на теренот на секој нов натпревар само потврдува дека токму тоа е главната причина што и покрај несомнените квалитети тој не се закити со врвното индивидуално признание во светскиот фудбал.

Последна ваква случка беше во второто полувреме од дуелот со Милан, кога гостинскиот голман Мењон стигна прв до топката, следеше најминимален контакт со Винисиус, но Бразилецот падна како покосен. Тој не ја доби „Златната топка“, за ваква очајна глума далеку му е и „Оскар“, но ако продолжи во ваков стил Винисиус ќе биде голем фаворит за „Златна малина“, награда што традиционално се доделува најлошите актерски остварувања.

Погледнете ја смешната ситуација и обидот за глума на Бразилецот на Реал на дуелот со Милан…

Се вчитува...