Кошаркарите на Будуќност долго чекаа на својата прва победа во Евролигата, но кога конечно ја дочекаа – до неа стигна со стил. Басконија беше тимот чиј скалп беше земен вечерва во Подгорица (99-84), во натпревар што ќе остане запишан во историјата на Евролигата по рекордот што го забележаа кошаркарите на Будуќност – за број на постигнати тројки.
Шутот ги служеше беспрекорно избраниците на Александар Џикиќ, кои погодија дури 21 удар од далечина (од вкупно 34 упатени), откажувајќи ги кошаркарите на шпанскиот клуб во обидите да постават соодветна одбрана против нив. Најефикасен беше Едвин Џексон со 24 поени (6/9 за тројка), Кларк постигна 20 поени, а интересно е што Будуќност стигна до победата иако Омиќ и Гордиќ постигнаа само по два поени.
Се повеќе се продлабочува кризата на Дарушафака, откако турскиот претставник загуби уште еден меч на домашен терен, овојпат од Милано со 92-98. Домаќините имаат за што да жалат бидејќи се вратија од минус десет во последната четвртина, промашија два зицери под кошот кои можеа да им донесат водство, по што гостите од Италија со прецизни удари од далечина ставија печат на победата. Мајк Џејмс со 21 и Мицов со 20 поени беа најзаслужни за овој триумф на италијанскиот првак, четврти во последните пет евролигашки средби на тимот предводен од страна на тренерот Пјаниџани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА