Каква „луда партија“ на Стеф Кари…, Јокиќ веќе рутински до „трипл-дабл“ на секој натпревар (ВИДЕО)

Никола Јокиќ запиша уште еден феноменален меч за себа, со нов „трипл-дабл“, 32 поени, 14 скокови и 10 асистенции, со кој сепак не успеа да му помогне на Денвер да триумфира против Милвоки.

Српскиот центар дојде до 27. „трипл-дабл“ сезонава, но Денвер загуби со 121-112, во меч во кој Адетокумбо исто така беше одличен, со 28 поени, 19 скока и седум асистенции, и заедно со Лилард му ја донесоа победата на составот на Бакси.

Неверојатниот Стеф Кари постигна 56 поени во победата на Голден Стејт против Орландо од 121-115, со шут за три поени од 12/19.

ЛА Лејкерс славеа против Минесота со 111-102, во меч во кој Леброн Џејмс заврши со 33 поени и 17 скокови, додека Лука Дончиќ постигана 21 поен, дополнети и со 13 скокови и пет асистенции.

На останатите мечеви Далас го победи Шарлот со 103-96, а Њу Орлеанс на гости славеше со Феникс со 124-116.

Се вчитува...