Каква „лудница“ во Чикаго: Леброн и Дончиќ срушени со звукот на сирената од половина терен (ВИДЕО)

Чикаго славеше против ЛА Лејкерс со 119-117 во синоќешниот натпревар од НБА лигата, благодарение на тројката на Џош Гиди од половина терен буквално во последната секунда од мечот!

Биковите имаа негатива на 12,6 секунди до крајот. Тројки погодија Патрик Вилијамс и Коби Вајт за водство од, а на другата страна Остин Ривс погоди за ново водство на Лејкерси на три секунди до крајот.

Во последниот напад, Гиди погоди тројка од половина терен за четврта едноподруго победа на Булс.

Гиди го заврши натпреварот со трипл-дабл од 25 поени, 14 скока и 11 асистенции, Коби Вајт постигна 26 поени и девет асистенции, а Кевин Хертер постигна 21 поен, шест скока и пет асистенции.

Во тимот на ЛА Лејкерс најефикасен беше Остин Ривс со 30 поени, Лука Дончиќ постигна 25 поени, со 10 скока и осум асистенции, а Леброн Џејмс имаше 17 поени и 12 асистенции.

Лејкерси се поразени по четврти пат во последните пет натпревари, а моментално се петти во западната конференција со резултат 44-29. Чикаго е деветти на Истокот.

Во следното коло Булси го пречекуваат Далас, додека Лејкерси ќе патуваат во Мемфис.

НБА – РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Сан Антонио 124-116, Орландо – Далас 92-101, Вашингтон – Индијана 109-162, Мајами – Атланта 122-112, Чикаго – Лејкерс 119-117, Оклахома – Мемфис 125-104, Јута – Хјустон 110-121, Сакраменто – Портланд 128-107

Се вчитува...