Неверојатен крај ни донесе последната ноќ од лигашкиот дел од Лигата на шампионите и дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид. Домаќините победија со 4-2 единствениот резултат кој ги водеше во плеј-офот од елитното натпреварување.
Реал поведе со 0-1 со голот на Мбапе во 30. минута. Само шест минути подоцна Шјелдеруп израмни на 1-1, а до крајот на првиот дел беше и 2-1 со голот на Павлидис во судиското надополнување. Шјелдеруп со својот втор гол зголеми на 3-1, додека Мбапе намали на 3-2. Со овој резултат и победата на Спортинг Лисабон „кралевите“ испаднаа од топ 8, но на Бенфика не и одговараше овој резултат бидејќи и беше потреба победа од два гола да го мине Олимпик Марсеј на последното место кое води во плеј-офот.
И тогаш се случи магија во 95 минута голманот Трубин стрелаше за триумф од 4-2 и големо славје на „Да Луж“.
Benfica [4] – 2 Real Madrid – Anatoliy Trubin 90+8' (Goalkeeper)
byu/ayoefico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

