Нова бламажа на „кралевите“: Реал испушти во последни седум минути водство од 2-0… (ВИДЕО)

Неверојатна нова бламажа на Реал Мадрид, овој пат во осминафиналето од Купот на Шпанија. И покрај тоа што кралскиот клуба имаше водство од 2-0 против Селта Виго се до 83. минута од средбата, дозволи на крај два гола за само седум минути на гостите за конечни 2-2 во регуларниот дел, па преку продолженија ќе мора да го бараат патот до четвртфиналето во најмасовното клупско натпреварување во Шпанија.

А, се почна одлично за Реал откако Килијан Мбапе донесе предност од 1-0 со убавиот погодок уште во 37. минута од средбата.

Во второто полувреме, Винисиус Жуниор во 48. минута погоди и за 2-0.

Но, на крајот во последните десет минути тотален колапс на „кралевите“. Бамба во 83. минута успеа да го намали резултатот на 2-1.


А, потоа во 91. минута Алонсо од пенал донесе 2-2 за Селта и продолженија на осминафиналната пресметка на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...