Англискиот фудбалер Деле Али е во фокусот на јавноста и со своите потези на терен, но и со начинот на кој ги прославува головите.
Голот против Њукасл во 1.коло од Премиер лигата, Али го прослави со специфичен потег – со три прста на чело и два околу очите. На прв поглед овој поздрав на Деле Али изгледа како едноставен потег, кој стана брзо популарен на интернет и многумина се обидуваат да го копираат. Но, потегот на англискиот фудбалер со нигериско потекло, има и една многу позначајна порака. Тоа на јавноста и го откри нигерискиот фудбалер Феликс Ороде.
„Деле на тој начин сака да го сврти вниманието на своето потекло. Во Нигерија во минатото се правеле големи злосторства над цивилите, а многу честа казна било вадење на очите. Оние што ја преживеале таа тортура, го користеле овој симбол, така што Деле Али со овој потег дава еден вид на поддршка и порака да не се заборави тоа што се случувало“ – објасни Ороде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА