Исланд и Франција прикажаа одличен ракомет во првото полувреме од меѓусебната пресметка попладнево во „Ланксес Арена“ во Келн, каде можевме да го проследиме и убедливо најубавиот гол во досегашниот дел од европскиот шампионат.
Исланѓаните одиграа цепелин за паметење, откако Один Тор Рикардсон не само што полета од крило, туку исландското десно крило велемајсторски, со шут зад грб додека беше во воздухот успеа да го изненади францускиот голман.
Погледнете ја оваа ракометна магија во изведба на исландскиот национален тим…
BEST GOAL OF THE #EHFEURO2024?? 🤯🤯🤯#heretoplay pic.twitter.com/5a7RtSv4vZ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА