Интер се соочува со неверојатен проблем откако „нероаѕурите“ се договорија со Челси за отштетата за Ромелу Лукаку, но белгискиот ас ги шокираше со одговор дека наместо камбек ан „Џузепе Меаца“ сега сака да се пресели во Јувентус.
„Нероаѕурите“ петнаесетина дена водеа интензивни преговори со Челси, за синоќа конечно да биде постигнат договор, да се платат 35 милиони евра при самиот потпис и уште пет милиони врзани со неколку клаузули. Челси даде зелено светло за преговори со фудбалерот, но токму тогаш следеше големиот шок – Лукаку воопшто не сакал да преговара со „нероаѕурите“ јасно ставајќи до знаење дека очекува понуда од друг клуб.
Весникот „Кориере дело спорт“ тврди дека другиот клуб е Јувентус, откако „старата дама“ му понудила значително повисока плата од онаа што Интер е подготвен да му ја даде. Воедно, Јуве има и договор со Челси за отштета од 37,5 милиони плус 2,5 милиони евра преку клаузули, но за комплетирање на трансферот неопходно ќе биде најпрвин да биде продаден Душан Влаховиќ, најверојатно во ПСЖ за сума од околу 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА