„Какви се оние линии за ВАР, како да ги цртало дете од 15 години“

Во Реал Мадрид не можат да го преболат синоќешниот пораз на „Камп Ноу“, кој значеше и губење на трката за шампионската титула во Ла Лига. За „кралевите“ нема дилема, клучен момент на натпреварот беше голот што го постигна Асенсио при 1-1 во самиот финиш, а кој по долга анализа беше поништен поради минимален офсајд.

Карло Анчелоти по натпреварот се пожали на таа спорна одлука, за која коментар даде и Хесус Галјего, еден од највлијателните шпански фудбалски новинари, инаку приврзаник на Реал Мадрид.

„Какви се оние линии за ВАР, не само за оваа ситуација, туку и за 100.000 други. Па ова се линии како да ги цртало дете од 15 години. Ако немаше ВАР, никој немаше да се пожали дека голот бил нерегуларен“, прокоментира Галјего.

Се вчитува...