Лионел Меси го постигна својот 100. гол во Лигата на шампионите на синоќешниот меч против Олимпијакос и уште еднаш ја покажа својата врвна класа. Но, медиумите го ‘уловија’ како во десеттата минута голтна апче кое го имаше скриено во чорапите. Дали е тоа тајната на Меси?!
Каталонскиот весник „Спорт“ открива дека Аргентинецот конзумирал апче со глукоза, а таа најдобро се впива во мускулите во првите 15 минути од натпреварот. Сепак, прашање е зошто апчето не го голтнал пред самиот старт на мечот.
„Не знам дали употребил апче глукоза на теренот на мечот со Олимпијакос, но знам дека фудбалерите тоа често го прават. Ако Меси на таков начин дава голови, тогаш би требало да зема и многу почесто апчиња на теренот“, се пошегува тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА