Какво е чувството да се биде навивач на најлошата репрезентација во Европа?

Интересна фудбалска приказна ни стига од Сан Марино. Фудбалската репрезентација на оваа земја во последните 11 години има постигнато само еден погодок на домашен терен. Еден од најголемите фанови на селекцијата, Масимо Висемоли немал среќа се уште да види гол на своите миленици. Тој смета дека немал среќа бидејќи го пропуштил натпреварот на кој Сан Марино успеа да даде гол.

Тој од 2013 е редовен на домашните натпревари на селекцијата, но кога во Сан Марино гостуваше репрезентацијата на Полска тој реши од дома да го следи натпреварот, меч на кој Полјаците триумфираа со 1-5, а Сан Марино конечно постигна гол.

„Никогаш немам видено мојата репрезентација да постигне гол. Некои натпревари ги гледав и на гостински терен, а толку имам среќа што единствениот меч што го пропуштив фудбалерите на Сан Марино се запишаа во листата на стрелците. Веројатно јас сум „баксуз““, изјави Висемоли. 

Стрелец на голот за Сан Марино на натпреварот против Полска беше Алесандро дела Вале.

Се вчитува...