Какво фијаско на Оскар Пијастри во првиот круг (видео)

Лидерот во генералниот пласман од Формула 1, Оскар Пијастри имаше катастрофален настап на трката за ГН на Азербејџан што се вози низ улиците на Баку.

Тој по вчерашните квалификации го освои само деветтото место, а денешната трка ја почна со многу проблеми и експресно падна на 18. позиција. Видно исфрустриран, тој се обиде да претркува во невозможна ситуација, па веќе во првиот круг излета удирајќи се во заштитната ограда крај патеката.

Пијастри влезе во оваа трка со предност од 31 бод во однос на тимскиот колега Ландо Норис во генералниот пласман, позитива што сигурно ќе биде намалена по трката во Баку.

Се вчитува...