Какво лудо мадридско дерби: Пет гола, пенал, црвен картон и „кралска“ победа! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа во градското дерби против Атлетико со 3-2 во еден трилер натпревар како дел од 29. коло во шпанската Ла лига.

Гостите водеа со 0-1 со голот на Локман во 23. минута. Сепак, во вториот дел Брахим Дијаз беше фаулиран во шеснаесетникот на противникот, а Реал Мадрид доби пенал кој успешно во 52. минута го реализираше Винициус Жуниор.

Само три минути подоцна беше и 2-1 со погодокот на Феде Валверде. Следуваше еврогол на Молина во 66. минута за 2-2, а само шест минути подоцна Винициус Жуниор со својот втор гол донесе ново водство за Реал од 3-2.

Во 77. минута „кралевите“ останаа со фудбалер помалку откако директен црвен картон доби Федерико Валверде. Сепак успеаја да се одбранат и да стигнат до големи три бода.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...