Фудбалерите на Антверп стигнаа до својата петта титула во белгискиот шампионат откако на трилер начин стигнаа до титулата која ја чекаа 66 години.
Пред последното коло дури три екипи имаа шанси да стигнат до титулата, Антверп, Генк и Унион Сен Жилон, а токму Антверп влезе во пол-позиција.
Генк имаше домашен терен против Антверп и ја имаше титулата до самиот финиш бидејќи водеше со 2-1. Сепак гостите постигнаа погодок во 94. минута за реми (2-2), а во прилог им идеше и тоа што Унион Сен Жилон загуби на домашен терен од Клуб Бриж со 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

