Какво ремек-дело: Даци со гол од половина терен во Белгија

Повремениот македонски репрезентативец Ердон Даци го постигна еден од најубавите голови во фудбалска Европа годинава откако стрелаше маестрално од половина терен на дуелот меѓу Моленбек и неговиот Деинзе.

Даци кон средината на првото полувреме прифати една топка на половина терен, не размислувајќи премногу и испраќајќи проектил што крај изненадениот голман заврши директно во мрежата.

Македонскиот фудбалер асистираше и при вториот гол за својот тим, но и тоа беше недоволно за Деинзе да избегне пораз бидејќи Моленбек триумфираше со конечни 3-2.

Уживајте во мајсторијата на Ердон Даци….

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pro League (@proleaguebe)

Се вчитува...