Какво враќање на Пол Погба на терените: „Разговорите се при крај…“

Пол Погба се враќа во фудбалот по суспензијата поради допинг. Французинот би можел, според сите проценки, да потпише за Манчестер Јунајтед.

Според пишувањата на француските медиуми, Пол Погба веќе разговарал со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим и Португалецот е подготвен да му даде шанса на Олд Трафорд. Казната за допинг на 31-годишниот фудбалер истекува за околу 20 дена. Многу се пишува каде би можел да ја продолжи кариерата и се чини дека одлуката е многу блиску.

Славниот Французин по третпат би можел да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.

„Пол Погба разговарал лично со Рубен Аморим. Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди едногодишен договор. Клубот ќе му понуди екстремно ниска плата, но со бројни бонуси“ – открива францускиот новинар Жак Талбот.

Ако на крајот потпише за Манчестер Јунајтед, тоа ќе му биде третпат во клубот. Мина низ младинските селекции, а потоа замина во Јувентус, за да се врати во 2016 година во трансфер вреден 105 милиони евра.

Шест години подоцна тој повторно замина, повторно стана член на Јувентус, но поради повреда, а потоа и допинг не настапи за тимот од Торино. Погба беше отпуштен во декември минатата година. Казната му истекува во март и сега би можел да се врати на големата сцена.

Се вчитува...