На победничката серија на Басконија откако Душко Ивановиќ дојде на клупата на овој клуб вечерва и дојде крајот откако шпанскиот евролигаш во драматичен дуел загуби на домашен терен од Монако со 75-77.
Басконија се врати од „минус 11“ во последната четвртина, од „минус пет“ во последната минута и кога Хауард погоди тројка за 75-75 се чинеше дека мечот ќе биде решен со продолжение. Џејмс ја презеде одговорноста за Монако, одличниот шутер не беше прецизен, но од позадина се појави Блосомгејм, кој со супер-атрактивно забивање им ја донесе победата на гостите.
Џејмс беше главна фигура на овој меч со 28 поени за Монако, 13 постигна Диало, додека кај Басконија разочара Монеке, откако нигерискиот репрезентативец беше запрен на само четири постигнати поени.
𝗕𝗟𝗢𝗦𝗦𝗢𝗠𝗚𝗔𝗠𝗘 𝗣𝗢𝗨𝗥 𝗟𝗔 𝗪𝗜𝗡𝗡𝗡𝗡 ! ✅@ASMonaco_Basket x @EuroLeague#SKWEEKLive #EveryGameMatters pic.twitter.com/FpCgtjQpdO
— SKWEEK (@skweektv) November 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА