Давид Калабриа упати провокација до конкурентите во Серија А, самоуверениот фудбалер на Милан смета дека во моментов никој не е подобар од Милан во Италија.
Ваквиот став доаѓа по уверливата победа против Аталанта во Бергамо со 2-3, каде до самиот финиш имаа чисто водство од 0-3, но поради опуштање, финишот дозволија да примат два гола.
„Има многу силни екипи во Италија, но според мене, ние сме најдобрите, нема подобар од Милан во моментов“, порача Калабриа.
„Росонерите“ сега имаат 19 бодови по 7 натпревари, едно од најдобрите отварања на сезоната од 2003/4, само два бода зад Наполи. Првенството во Серија А и сезонава ќе биде крајно интересно, бидејки очигледно ќе има повеќе екипи што ќе влезат во битка за Скудето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА