Каланоски е најново засилување на Лабуништа

Довчерашниот фудбалер на прилепска Победа, Антонио Каланоски е најновото засилување на второлигашот Лабуништа за новата натпреварувачка сезона.

25-годишниот крилен офанзивец треба да биде сериозно засилување за тимот на Пепи Џигероски во желбата за повторен атак на највисок пласман во Втората лига – Запад.

Каланоски претходно во својата кариера има настапи и за Охрид, Металург, Напредок, Силекс, Еуромилк ГЛ, Борец, Струга ТЛ.

Лабуништа претходно се засили и со фудбалерот од средниот ред Арион Зиба кој доаѓа како позајмен фудбалерите од редовите на Струга Трим Лум.

Се вчитува...