Каљари и Лацио одиграа без голови на последниот натпревар денеска во Серија „А“. Се одигра тврд натпревар со малку шанси, а Лацио главно заканите ги имаше во финишот кога имаше играч повеќе на теренот, но не ги материјализираше.
Каљари, пак, имаше неколку добри обиди низ натпреварот, се додека не остана со играч помалку по исклучувањето на Јери Мина пред самиот финиш.
Токму од тој слободен удар се изроди најсериозната прилика на мечот, откако Лацио се закани од слободен удар преку Каталди, но домашниот голман одлично одбрани. Истиот играч во последните секунд имаше уште еден обид, топката профуче само крај голот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

